Ви пренесуваме ФБ статус од прилепчанецот Дејан Ефтинџиоски
100 пати ми рекле: оти не си политички активен, зачлени се во некоја партија!




Чекај малце: да се зачленам во партија во која сопартиец ми е локален олигарх, транзициски апаш и велепоседник!?




И да седнам со него на партиски состанок додека ми ги мафта клучојте од новото Ауди, облечен во Гант и напуфкан со парфем од 80 евра, а темата на разговор да ни биди “загрозени општествено-социјални групи, справување со бедата и сиромаштијата на потенцијалните гласачи и нивно придобивање!?”
Како!?

