Само една чаша јогурт на ден е доволна за да бидеме здрави и полни со енергија.
Порано во едно село во Грузија имало многу жители со над 100 години кои како тајна на долгиот живот го посочуваат јогуртот.




Богат е со калиум, фосфор, цинк, рибофлавин, протеини и Б12. Исто така има и добри бактерии кои му помагаат на телото. Затоа, секој ден пијте една чаша јогурт и со оваа евтина намирница подобрете си го здравјето и продолжете си го животот.
Погледнете подолу кои се придобивките од јогуртот: Јогурт полесно се вари во организмот од млеко. Јогурт е богат извор на калциум, придонесува за подобро здравје на дебелото црево а воедно и го штити од рак.




Јогурт ја подобрува биорасположивоста на другите хранливи материи. Култивираниот јогурт ја зголемува апсорпцијата на калциум и Б- витамини. Додека пак млечната киселина во јогуртот помага во варењето, со што калциумт од млекото полесно се апсорбира.




Јогурт може да го зголеми имунитетот. Истражувачите проучувале 68 луѓе кои пиеле по две чаши јогурт дневно, при што утврдиле дека за три месеци овие лица произвеле повисоко ниво на интерферон кој го зголемува имунитетот. Бактериски култури во јогурт , исто така, стимулираат борба против инфекции на белите крвни клетки во крвотокот. Некои студии покажале бактериските култури во југуртот содржат фактор кој има анти- тумор ефекти кај експерименталните животни .




Јогурт може да ги намали габичните инфекции.
Јогурт е богат извор на калциум. Во 30 мл јогурт од прилика има 450 мг. на калциум, а тоа е една половина од RDA на детето и 30 до 40 отсто RDA на возрасните .
Јогурт е одличен извор на протеини. Јогуртот содржи околу 10-14 грама протеини во 30мл , која изнесува до дваесет проценти од дневната доза протеини кои луѓето треба да ги внесат. Всушност, 30 гр на јогурт кој содржи живи и активни култури, содржи 20 проценти повеќе протеини отколку во истиот обем на млеко ( 10 грама наспроти 8 грама ). Покрај тоа што е богат извор на протеини, култивирањето на млечните протеини за време на ферментација прави овие протеини полесно да се варат.




Јогурт може да го намали холестеролот . Постојат неколку студии кои покажаа дека јогуртот може да го намали холестеролот во крвта. Ова може да биде така бидејќи живите култури во јогурт асимилираат холестерол или поради тоа што јогурт врзува жолчни киселини , (кои исто така се покажаа за намалување на холестеролот ), или и двете.




Јогурт е храна која го помага растот на децата .Две хранливи својства на јогуртот може да им помогнат на децата кои се со заостанат раст: полесно примање на протеини и фактот дека млечна киселина во јогурт ја зголемува апсорпцијата на минерали. Па дури и повеќето пребирливи деца ќе јадат јогурт во сосови и пијалаци.
