Александра тврди дека тетоважата не значи дека е лош родител.




Мајка со необична тетоважа на лицето сподели видео на TikTok во кое ги осудува сите оние луѓе кои и велат и пишуваат дека нејзините деца ќе се срамат од неа еден ден кога ќе пораснат и ќе видат како изгледа нивната мајка.




Александра на лицето има истетовирано црна линија која оди директно од долната усна надолу по брадата и вратот, што доведува до голема тетоважа на средината на градите, пишува The Sun.




Од кога мајките не треба да имаат тетоважи? – рече Александра во видеото и го покажа средниот прст на камерата, додавајќи дека секако е подобар родител и пример за нејзините деца од луѓето кои пишуваат лоши коментари и ја навредуваат.




Видеото е прегледано повеќе од 390 илјади пати, а луѓето не можеа да одолеат да коментираат. Не разбирам каква разлика има ако родителот има тетоважи, како тоа те прави лош родител – додал друг корисник.




Сепак, сè уште имаше многу кои ја критикуваа и не го разбраа изборот на нејзината тетоважа. „Таа тетоважа не те прави кул мајка“, коментира еден корисник, додека друг додал: „Немам ништо против родителите со тетоважи, но ова е една од најгрдите тетоважи што сум ги видел“.
