Какво време не очекува погледнете во најновата прогноза:




Во Македонија во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно со слаб и умерен југоисточен ветер кој попладне ќе се зголемува и највисока дневна температура од 7 до 11 степени. Во текот на ноќта ќе биде облачно со умерен и засилен југоисточен ветер.
Слаби врнежи од дожд се очекуваат на места на запад и југ од земјава. Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод, утринската температура ќе биде од -1 до 3, највисоката дневна од 7 до 11.




Во Скопје денеска умерен до целосно облачно со слаб и умерен југоисточен ветер кој попладне и навечер ќе се зголемува до умерен и засилен.




Утринската температура од 0 до 5, највисоката дневна околу 13 степени.
Временска прогноза за следната недела
Според временската прогноза за следните седум дена, ќе дува умерен и засилен југоисточен ветер, особено понеделник.




Во вторник попладне ветерот накратко ќе слабее и ќе се заврти во северозападен правец.
На планините се очекува топење на снегот. Преку ден претежно облачно, во недела на места со врнежи од дожд, во понеделник претежно суво, а повторно во вторник во средината на денот со врнежи од дожд се очекуваат најпрво во северозападниот дел од земјава, а попладне во другите региони.




Суво ќе биде до среда, а потоа повторно дожд повремено.
