Оваа лето е вистинско време малку повеќе да дадеме важност на македонската убавина. Толку убави, прекрасни места, вредни за посета. Преспа е едно такво место. 
Ако сакате да одите на одмор поради бањање, топла вода во езеро, убави плажи со ситен песок, тогаш Преспа е вистинското место.
Во последните години инфраструктурата на Преспа е значителна подобрена. Средени плажи, ситен песок, одлични цени, гостопримливи и љубезни мештани.
На самиот брег на езерото е сметена туристичката населба Сливница. Овде се наоѓа една од најубавите плажи во преспанскиот регион, долга околу 400 метри, послана со ситен песок, опремена со лежалки и хавајски чадори.
И уште еден манастир, кој не смеете да го пропуштите. Манастирот Св. Богородица се наоѓа на три километри од селото. Манастирскиот комплекс содржи скромна црква, изградена и декорирана во 17-от век. Фреските се добро зачувани и ги носат стилските карактеристики на фрескописот од почетокот на 17-от век во Македонија.
Во состав на манастирот има конаци во кои може да се преспие. Овде била сместена втората по големина ресавска школа, после Лесновскиот манастир.
