Авион од Тел Авив со 101 патник рано утринава слета на аеродромот во Подгорица. Според црногорското Министерство за надворешни работи, во авионот на „Ер Монтенегро“ од Тел Авив имало патници од Црна Гора и уште осум земји, меѓу кои и Србија.

По слетувањето никој не ја криеше радоста што конечно се безбедни, а колку сите беа среќни што ја напуштија земјата разурната од војна, можеби најдобро покажува фотографијата направена синоќа на аеродромот во Тел Авив, на која се гледаат загрижени, но сепак насмеани луѓе , држејќи го знамето на Црна Гора.

Во истиот авион биле околу 70 Црногорци и 30-тина патници од Србија, Албанија, Словенија…

„Се уште не сум свесен дека дојдов и сакам да им се заблагодарам на сите бидејќи тоа беше тешко да се направи“, изјави еден од патниците на летот на Ер Монтенегро.

Патниците велат дека ситуацијата во Израел била хаотична.

„На сите меѓуградски контролни пунктови претресуваа луѓе, ги вадеа од нивните автомобили и бараа терористи, беше многу хаотично“, велат тие.

„Аеродромот беше бомбардиран три пати, организацијата на црногорската влада беше одлична и сакам да ви се заблагодарам за тоа“, велат патниците за РТЦГ.

Извор: telegraf.rs