Хипертироидизмот е почест на возраст од 20 до 50 години, а од сè уште нејасни причини тој е околу седум пати почест кај жените.




Хипертироидизмот е болест на тироидната жлезда која настанува како последица на прекумерно производство и лачење на Т4 и Т3 хормоните. Причината е автоимуно заболување на тироидната жлезда (Баседовова болест) во кое, поради се уште необјаснети причини, во тироидната жлезда се формираат антитела на ТСХ рецепторите, кои со врзувањето за рецепторот доведуваат до неконтролирана стимулација на тироидните клетки кои потоа лачат премногу хормони.




Кои се симптомите?
Тоа се првенствено забрзано чукање на срцето, анксиозност, несоница, губење на тежината, брзо варење, неправилни циклуси, прекумерна глад, замор …




Покрај тоа, хипертироидизмот е поврзан со егзофталмус, испакнатост на очното јаболко. Егзофталмосот настанува поради хипертрофија на мускулите и масното ткиво зад очното јаболко, а кај хипертироидизам го предизвикуваат истите антитела кои предизвикуваат самиот хипертироидизам, ТРА.
Со оглед на сите овие симптоми, луѓето кои ја имаат оваа болест на самиот почеток многу тешко ги извршуваат сите секојдневни активности кои дотогаш ги извршувале без проблем.




Како се лекува?
Прво и основно нешто што треба да направите е да одите кај општ лекар кој ќе ве упати на ендокринолог. Хипертироидизмот се третира со лекови наречени тиреостатици. Тие ги блокираат ензимите кои градат јод во тироидните хормони. На тој начин лековите се двојно ефикасни, го намалуваат производството и лачењето на хормоните, но го забавуваат и инкорпорирањето на јод.




Така, кај голем број пациенти хипертироидизмот може да се излечи. Меѓутоа, во третманот на хипертироидизам, многу е важно често да се контролираат тироидните хормони и прецизно да се определи дозата на тиростатиците.
