Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така.

Заклучиле дека тоа е така затоа што луѓето избегнуваат да покренуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците.

Луѓето се занесуваат од празничната еуфорија и потоа ги оставаат сите проблеми во бракот и семејството за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека на површина излегува сето она што ги депримирало за време на празниците.

– Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница – вели адвокатот за развод Хаиме Гроза.

Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украси, светла, потпаѓаат под влијание на прекрасната, магична празнична музика, толку многу што веруваат дека сè може да се сврти и да се подобри. За жал, штом поминат празниците се уверуваат дека биле во право уште пред празниците.