Костадин Костадинов портпаролот на СДСМ или како што слушам во неговата партија го викале „Манулач“ секој ден држи пресови во кој им наоѓа мана на новите членови на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го прави по принципот „Подржи ми го копилево да и се насмеам на копиљаркава“.

Прв на удар му беше Професор д-р Вело Марковски. Наводно докторот со своите изјави сеел страв од корона вирусот и уште еден куп небулози. Колку да си кажат нешто. Да си прошљапотат нешто како тетки на селска чешма.
Абе изгубени во свемирот!
Професор д-р Марковски не сееше страв туку напротив говореше дека не треба толку да се плашиме оти смртноста на корона вирусот е помала од обичниот грип и затоа е потребен полиберален пристап за да се создаде колективна имунизација. Ако го слушавме него сега немаше да имаме колабирана економија. Интервјуата на доктор Вело имаат преку 6 милиони прегледи. Ако се има во предвид дека него го прателе луѓе од Балканот или поранешното Југословенско подрачје тоа значи дека секој четврти жител на поранешна Југославија ги гледал интревјуата на македонскиот професор.
Абе дете!
Народот нема да му верува на професорот од балкански ранг а ќе ти верува тебе-играч во струмички подсојуз.

Вториот на удар му е полковникот Ковачки. Човек со дигнитет и познавање на воената наука и геостратегиски движења во регионот и пошироко. Наводно за Коки членството на полковникот во ИК на ВМРО ДПМНЕ било милитаризирање по угледот на латино американските партии. Им смета полковникот Ковачки а тие си ставија во парламентот веќе втор мандат пензиониран бригаден генерал. Веројатно како пандан на поранешните борци од УЧК а особено на Талат Џафери. Колку генералот им се спротиставува, колку е речит и умно зборува затоа веројатно и не можете да се сетите на него.