Ние сме некрофилски народ. Поважна ни е смртта отколку животот. Да умре некој популарен ќе излеземе со илјадници, ќе хистеризираме, ќе тажиме колективно. Не е тоа грев.

Но, лудо е кога се работи за нашите животи и лични граѓански права, помали сме од зрна. Во нас нема никаков порив за бунт и отпор. Никаков. Смртта ја славиме, животот и слободата ги презираме.

Министерот за здравство кој треба да ве служи во оваа прчоебина, отворено им се заканува на стотици илјади луѓе дека ќе им ги одземе правата на движење, на глас и на слободен живот доколку не се вакцинираат. Се заканува дека ќе воведе дискриминација на медицинска основа. Еден вид вакцинален расизам. Доминација и ексклузивитет на вакцинираните врз невакцинираните.

И кај вас тоа проаѓа како временска прогноза: И утре се очекува да биде претежно ведро и топло!! Баш супер цел ден ќе се керефекам на плажа у танга и ќе си праам селфи. Нели ова за жена. Или ќе се селфирам со узото и ѕаѕикито оклештен исто како кога бев на вакцинација, додека си го драпам стомачето завален во полукрената лежалка,. Второво, ако се работи за маж. А бе види…

Знам дека ве боли уво. Проблемот со робот е што нема ништо против својот господар. Затоа е роб. Дај му лежалка, узо, хотел со седум ѕвезди, море и плажа итој среќен ќе се прпелка во песок и ќе се слика ко пореметен.

Слично свињите се прпелкаат во гомна. Среќни. Само што не си прават селфи. Нивниот живот е кочината. Ама тоа се свињи.