Онлајн настава е вистински пекол на земјата за секој ученик и најдобро тоа го објаснил татко кој по телефон на синот му организира сајбер ден. Во превод – да не е тажно, би било смешно, ма урнебесно.
“На наставничката и ја праќаш задачата на Вибер, но не на нејзиниот телефон, туку на нејзиниот маж, има поголема меморија, па повеќе ќе можат да и пристигнат.
Биологаија, ќе следиш преку ТВ Планета. Математика преку Zoom не во одредено време, туку кога на наставничката и одговара, вели таткото и секоја му чест бидејќи ги потсети сите родители кои мора да запаметат се ова, така да речеме – финеси.
Таткото ја совладал оваа конфузна игра и преминал на сите нивоа или бар така се мисли.
Ако ништо друго успеал во мислите да им стави до знаење на сите колку е ова проклето тешко и колку короната во школо никој неможе да ја издржи – ни деца ни постарите, а притоа убаво ги насмеал сите. Браво чале!
Сепак колку и да се согласуваме со чале, надлежните тераат шега со родителите и зборуваат поразлично.
– Ако ја гледаме ситуацијата во образовниот систем таа не да е алармантна, нити е проблематична, па нити укажувала на потреба дека такво нешто ќе направи – рекол министерот за просвета на Србија, а вие сега бирајте на кога ќе му верувате на таткото стратег или на министрите
