На Пелистер падна првиот снег!

Во Македонија денес е студено за овој период од годината и облачно со врнежи од дожд, а на планините над 1000 метри надморска височина со снег. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Притисок над нормалниот. Минимална температура од 4 ° C до 8 ° C, а максимална од 6 ° C

Во Скопје е уште постудено отколку во петокот и облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен источен ветер. Притисок над нормалниот. Минимална температура 9 ° С и максимална до 13 ° С. Студено со дожд во вечерните часови.

Време за следните неколку дена

Во недела облачно и студено за овој период од годината со повремени врнежи од дожд, а на планините над 1000 метри надморска височина со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Притисок над нормалниот. Минимална температура од 6 ° C до 9 ° C, а максимална од 6 ° C.

Во понеделник облачно и студено со врнежи од дожд, а на планините со снег. Во вторник, исто така, ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено со неколку степени повисока температура во споредба со понеделник. Во среда, променливо облачно време и поголемиот дел од денот суво или со многу малку дожд. Температурите ќе биде проследени со постепено затоплување на крајот на следната недела.