Министерот Венко Филипче денеска остварил средба со семејството на младата Верица, чии органи беа донирани. Тој за средбата извести на социјалните мрежи.

– Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест – напиша министерот по средбата.

Претходно Филипче го посети и Иле Стрезовски, на кој му беше извршена трансплантацијата на срце.

Закрепнуваат Иле Стрезовски и Блаже Сапунџиев кои добија срце и бубрег од донорот Верица Белчовска.

Од министерството за здравство информираат дека срцето кај Стрезовски работи одлично, а се заздравува и Сапунџиев по трансплантацијата на бубрегот.