Непознати сторители во саботата ги демолирале канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Како што изјавија од Инспекторатот за „Слободен печат“, украдени се лаптопи и телефони.

Според фотографиите што ги испрати Инспекторатот, искршена е кваката од вратата, превртена е дел од опремата, а велат дека недостасува и дел од опремата на Инспекторатот.

Случајот во полиција го пријавил директорот Ферди Шанани.

Канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа се наоѓаат во зградата на МРТВ на 12 кат.


Izvor Sloboden Pecat