Фризерка од Британија го оставила сопругот и своите три деца за да се омажи за човек од масајското племе. Три децении подоцна, признава дека направила голема грешка.

Шерил Томасгуд, поранешна фризерка, во март 1994 година заминала на одмор во Кенија, каде што се запознала со Даниел Лекименча – висок, харизматичен Масаи воин кој настапувал со традиционални танци за туристите. Само неколку недели подоцна, таа го напуштила сопругот Мајк Мејсон и нивните деца, за да започне нов живот во колиба од кал и измет, во сиромашен дел на Кенија.

Веста брзо стана медиумска сензација – ток-шоу емисии и весници ја следеа нејзината необична љубовна приказна, а јавноста беше шокирана од нејзината одлука.


„Направив огромна грешка“

Во едно интервју, Шерил заплакала и признала:
„Направив огромна грешка, многу ми е жал, особено за тоа како ги повредив моите деца. Платив висока цена за оваа врска.“

Иако била фасцинирана од културата и духовноста на Масаи, во Британија Даниел брзо се променил. Станал опседнат со пари, материјални работи и секојдневно се жалел. Според неа, целата негова „духовност“ исчезнала веднаш по доаѓањето во Европа.

„Мислев дека сретнав духовен воин, а всушност сретнав разочаран човек. Често се прашував дали ме сака или сум му била само билет за подобар живот.“

Бракот траел кратко – по раѓањето на нивната ќерка Мисти во 1998 година, се разделиле веќе во 1999-та.


Животот по разделбата

Денес Шерил има 65 години и живее сама во приморски град во Сомерсет. Нејзините соседи и пријатели не ја знаат целосно нејзината скандалозна мината.

Таа признава дека најмногу жали за влијанието што целата приказна го имала врз нејзините деца:
„Не беше лесно за нив да имаат масајски воин за очув. Се трудеше, но никогаш не можеше да го разбере западниот начин на живот и да биде татко каков што им беше потребен.“

Сепак, додава дека денес има добар однос со своите деца, а најмладата – ќерката Мисти, сега 27-годишна – ја опишува како „единствената добра работа што произлезе од тој брак“.


Порака до жените

На крај, Шерил испратила порака до жените кои фантазираат за романса со „маж од одмор“:
„Бидете внимателни што посакувате и добро размислете во што се впуштате – инаку може да се каете цел живот.“