Бербата на грозјето почнува во лозјата во Хрватска, а големите производители повторно се борат со недостиг на работна сила.
Интернетот е полн со огласи во кои се бараат берачи. Краутхакер во Кутјево бара 30 берачи, Беље во Барања бара 20, Анѓелини Гачишќа бара 20, Будимци Дарда бара 10… Некои нудат бруто плата од 970 евра месечно (минимална плата), други плаќаат по час.
Во источна Хрватска, берачите се претежно постари лица: пензионери и невработени. Многу лозари плаќаат од 6 до 8 евра за час или дневница околу 50 евра во просек. Сместување генерално нема.
Планираното време за берба е обично до крајот на септември. Бербата, патем, започна порано оваа година поради климатските промени. Лозарите очекуваат добра година – квалитетно вино и пристојна количина, пренесува Даница.хр.
