Новата година е на врата, што значи дека сте подготвиле совршена комбинација во која ќе заблескате на новогодишната ноќ, но она што малкумина од вас го знаат е дека има одредена облека, бои и материјали кои можат да пружат среќа, љубов и пари во следната година, или така велат кинеските астролози.




Според кинескиот хороскоп, 2023 година е година на тигарот, а сите знаеме за какво животно се работи, па затоа изберете новогодишна облека соодветно. Дајте предност на луксузни ткаенини како што се кадифе, свила, шифон, велур и кожа.




Со овие материјали додадете малку пердуви, златен накит и крзнени чанти. Исто така, се препорачува и тантела, не само што ќе и даде софистицираност на целата комбинација на облека, туку и ќе укаже дека сакате Новата година да помине без никакви потешкотии, а воедно и да биде интересна.




Кога станува збор за бојата, пред сè дајте предност на црната, сината, светло сината и зелената боја.




Лош избор на бои, според кинескиот хороскоп, се црвена, бордо, виолетова, кафена и други „мртви бои“, а исто така избегнувајте животински принт.




Доколку сакате да привлечете среќа, облеката во светли бои е добар избор за вас. Во овој случај, подобро е да не носите фустани, туку да му дадете предност на секојдневен стил – така што тигарот ќе разбере дека сте подготвени за акција, а среќата ви треба само како поддршка и да ја зајакнете вашата самодоверба.




А ако сакате љубовна романса, изберете облека во сребрена боја, додека оние кои сакаат пари, има тиркизна и зелена комбинација, како што пишува „Мондо“.
