Правењето скара е вистинска прилика за дружење околу жарот и размена на совети за тоа кое месо е најдобро и колку треба да се пече.
За да уживате во тоа, ви носиме неколку совети што ќе ви обезбедат место на врвен мајстор за скара.
1. Какво месо да се купи
Месото што го избирате за печење на скара не смее да биде мрсничко. Свинскиот врат, прошаран со помасни делови, е идеален.
2. Како да се подготви и исече месото
Парчињата месо за скара не треба да бидат премногу тенки – за да не се пресушат, ниту премногу дебели – за да не загоруваат од страната, а средината да остане несварена.
3. Кога е време за маринада
Маринадата, каква и да изберете, подгответе ја ден пред скарањето и во неа потопете го месото. Пред печење извадете го и оставете го малку да одстои на собна температура.
4. Што со огнот и решетката
Јачината на огнот е многу важна. Ако е премногу силен, месото ќе биде јагленисано, а ако е преслаб, ќе добиете ефект како да е варено.
5. Како и кога да се сврти месото
Секое месо што се подготвува на скара „трпи“ само едно вртење. Третиот пат е непотребен, бидејќи месото може да се пресуши.
6. Што по симнувањето од скара
Ова е трик што мајсторите го користат за соковите во месото да се „смирaт“, а вишокот сокови и вода да се исцедат, а парчето да остане сочно и меко: оставете го месото добро поклопено во сад што стои на топло место.
