A young boy with Santa Claus

Шестгодишно момче од Ирска, Калум Торнхил, откако слушна дека компанијата Фајзер произведува вакцина против коронавирус, напиша писмо до компанијата каде објасни дека Дедо Мраз мора да биде приоритет во вакцинацијата.

Неговата мајка, Пола Линехан, рекла дека нејзиниот син на почетокот на ноември слушнал за вакцината на радио додека тие се возеле со автомобил, на пат кон училиштето. Кога се вратил од училиште Калум напишал писмо во кое покрај честитките за достигнувањата на компанијата побарал и услуга.

“Почитуван Фајзер, слушнав како направивте нова вакцина за коронавирусот. Честитки”, рекол шестгодишниот Калум.

“Може ли да испратите вакцини на Северниот пол за Дедо Мраз и неговите џуџиња? Ве молам, сакам да го спасам Божиќ и сите деца да ги направиме среќни”, напишало момчето.

Неколку недели подоцна, Калум добил одговор од извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, кој беше воодушевен од желбите на момчето и го сподели писмото на Линкедин.

„Ваквите писма ни даваат надеж и нè потсетуваат зошто работата што ја работиме секој ден е толку важна. Сакам да знаете дека правиме се што можеме за да им помогнеме на луѓето ширум светот. Секако, ќе се грижиме и за Дедо Мраз и неговите џуџиња “, напишал директорот.

Европската унија ја одобри вакцината Фајзер-Бајонтек во понеделникот, а земјите-членки очекуваат следната недела да ја добијат првата серија вакцини.