Македонија се најде на листата на најнесреќни земји на светот, пишува во извештајот направен врз основа на истражување на јавното мислење на агенцијата Галуп спроведено помеѓу 9 октомври и 2 ноември.

Дел од истражувањето ги објавил водечкиот пакистански медиум на англиски јазик Thenews.com.pk.

Извештајот е направен врз анкета спроведена во 46 земји, а од него може да се заклучи дека 54% од луѓето на глобално ниво биле среќни, 14% биле незадоволни, додека 31% имале измешани ставови.

“Според резултатите на Галуп, Киргистан се покажа како најсреќна земја со 85% задоволство кај граѓаните, следни се Казахстан со 78%, Колумбија и Еквадор со 77%, Азербејџан 76% и Нигерија 70%. Кога станува збор за најнесреќните земји, Македонија се најде на врвот со резултат од -3 поени”, пишува медиуимот.