Родители, приберете си ги и поучете си ги децата. Стотици тинејџери се групираат на тротоарите околу Силбо, густо збиени и повеќето без маски.

Вработените од пекарницата одржуваат ред внатре, пуштаат еден по еден. Но, кај “редот” надвор нема одржување никакво растојание меѓу чекачите, а повеќето новопридојдени се бутаат пред оние ретките кои се обидуваат да стојат на 2 m од соседите!

Тоа е резултат на воспитанието што децава го носат од дома. Не се чудете зашто епидемијата не стивнува. И не се чудете ако ви донесат ковид-19 назад.

Плус: хулигани иницираат тепања, додека десетици врсници стојат околу и гледаат како утмаци. Локалните полицајци спобркаа една таква група пред неколку минути пред Универзална Сала.

Ако ги пуштате децата да искачаат навечер:
1. научете ги да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и
2. да викаат полиција ако забележат и само најава на насилство. Сите имаат мобилни.
И правете муабет со нив за тоа како живеат кога не ви се пред очи. Ако им пристапите искрено и со почит, ќе се изненадите што ќе дознаете./Dokaz.mk