Д-р Нина Вјазовјетскаја, специјалист за внатрешна медицина, субцпецијалист за ендокринологија, од здравствена куќа Medigroup, објаснува за сите анализи и контроли кои треба да ги изврши секое лице кое го прележало Ковид 19 коронавирусот.




По завршување на инфекцијата, независно од тоа дали лицето било третирано во домашни услови или во болница, периодот по завршување на инфекцијата мора да се следи за да се обезбеди живот со што е можно помалку последици од зарзата. Последиците од заразата не се случуваат само за време ан инфекцијата, туку често пати и по неа.
Ако се поминало во поблага форма на инфекција во домашни услови и ако потоа заболното лице се чувствува добро, по седум дена од оздравувањето неопходна е лабораториска анализа, вели д-р Вјазовецкаја.




Таа објаснува дека е неопходно да се направат следниве анализи – ККС, ЦРП, гликемија, уреа, креатинин, К, АСТ, alt, урина. Честа појава е по завршување на инфекцијата заболеното лице да се чувтствува многу изморено, малксано и да има проблеми при малку посилни напори во движењето, во таков случај неопходен е преглед на надлежниот доктор, кој ќе одлучи за понатамошно испитување.
Ваквите појави, освен што се непријатни и вознемирувачки за пациентот, можат да упатат на последици од заболувањето со Ковид 19 кои мора на време да се детектираат за да се спречи нивниот развој во несакан правец.




“Ако пациентот поминал потешката форма и бил хоспитализиран, обавезно по 7-10 дена од заздравувањето е детален преглед на дишните органи, белите дробови и срцето.“
На прашањето дали оној што ја поминал короната треба да пие одредени лекови, како што се лековите против згрутчувањето на крвта, д-р Вјазовецкаја објаснува:

“Не кај сите, но неопходно е тешките форми на продолжена инфекција за следење на вредностите на Д-димер во крвта. Врз основа на детални анамнези, прегледи на пациентот, фактори на ризик и вредности на Д-Димер показателите лекарите ќе одлучат за потреба од антикоагулантна терапија.




“Доплер на крвните садови на долните екстремитети е индициран само во случаи на клинички знаци за тромбоза на долниот екстремитет и/или високи Д-димерски вредности “.
Терапија со додатоци и витамини кои пациентот ги земал за време на претходната инфекција треба да се прошири на неколку недели после заздравувањето.
Таа, исто така, вели дека изложеноста на физички напори повторно зависи од формата и тежината на инфекцијата. Ако ова е помината полесна форма, потребно е постепено враќање на физичка состојба, прво со лесни прошетки во природата што е неопходна мерка во наредните 2-3 месеци.




Ако е прележана потешка форма, се препорачува постепено лесно физичко ангажирање по 3-6 месеци, за враќање на физичката кондиција дури по тој период. Во случај на потешкотии со дишењето, болки при движењето потребен е детален преглед кај кардиолози и пулмололози.
Важно е да се запамети дека со поминување на инфекцијата не поминуваат веднаш и последиците од неа, и тие последици се индивидуални, за секого различни согласно неговата општа здравствена и физичка состојба и, освен тоа, зависни од степенот и тежината на инфекцијата која се случила.




Периодот на враќање во нормален ритам на живеење, и физички и психички, може да се очекува најрано неколку недели по завршување на инфекцијата до неколку месеци потоа./Vecer.mk
