Чудна светлина и искрење се гледаат од Автокоманда и Железара. Според реакциите, се работи за некаков дефект во фабриката.
Дел од овие населби немаат струја.




На Твитер се појавија снимки според кои можеме да заклучиме дека снежната идила во Автокоманда и околината е нарушена поради хаварија во Железара.




Според сведоштвата на корисниците, се работи за дефект во далекуводот.




Паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара. На социјалните мрежи во текот на вечерта беа споделувани објави дека чудна светлина и искрење се гледаат од Автокоманда и Железара.




Екипи на ЕВН работат на теренот на отстранување на дефектот.




Повик за инервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.
Што се случува надвор ?? pic.twitter.com/oUSjjP5re2
— k@mi (@kaamiii__) March 21, 2021
Нешо се дешава у Железара. 🙄
Снемало и струја у цела населба. pic.twitter.com/dJqrZ96xMl— КАРМА☯️ (@_energija_) March 21, 2021
