Албанската авиокомпанија Албавингс, во текот на денот организираше два чартер лета од Тирана до Белград. Со кои граѓаните на Албанија дојдоа во Белград со цел да примат вакцина против коронавирус.

Персоналот на оваа компанија беа меѓу заинтересираните да ја искорстат оваа можност и да бидат вакцинирани. Посебен интерес предизвика вакцинацијата на стујардесите на оваа авиокомпанија.

Постои голем интерес за бесплатна вакцинација, која Србија им ја обезбеди на странците. Денес редовите на оние што чекаа да ја добијат својата доза можеа да се видат на Саемот во Белград, пренесуваат белградските медиуми. Условите се исти како и за државјаните на Србија, а освен лична карта и пасош, на странските државјани не им е потребна дополнителна документација.

Меѓу пријавените за вакцинацијата за викендот, која покрај две места во Белград, се организираше и во Ниш, покрај обичните граѓани, се пријавија и голем број бизнисмени, а повеќето доаѓаат од БиХ, Северна Македонија и Албанија.Vocentar.com