Покачениот ЦРП (ц-реактивен протеин) е лабораториски индикатор кој го покажува степенот на воспаление во организмот. Обично вирусните инфекции не даваат пораст на CRP, туку е резултат на бактериска инфекција или воспаление на крвните садови. Токму поради овие две причини CRP расте во вториот дел од болеста, т.е. ако настанат компликации од болеста.

Најчесто покаченото CRP кај Ковид е резултат на воспаление на крвните садови и затоа не треба да се третира со антибиотици, туку со против воспалителни лекови ( NSAIL и кортикостероиди). За да се установи дали се работи за евентуална секундарна бактериска инфекција покрај CRP, треба да се земе и прокалцитонин кој е маркер специфичен за бактериски инфекции и само тогаш има оправдание за антибиотска терапија.

Некомплициран Ковид-19 поминува со мирен или умерено покачен ЦРП маркер.

КОГА ДА СЕ ПРОВЕРИ КРВТА ???
Голем дел од Вас бараат од своите матични лекари веднаш по првиот симптом да им се направи целосна лабораторија. Во тој период од болеста ова испитување е излишно и нема никаква дијагностичка вредност ако имате уредни параметри.
Првата лабораторија треба да ја направите по 5 ден и тоа доволна е обична крвна слика со CRP, не фрлајте пари за дидимери.

Кас сите ПАЦИЕНТИ со лесна и средна клиничка слика ова е доволно. Ако има отстапувања во нивото на тромбоцитите, леукоцитите и CRP, ќе Ви бидат потребни понатамошни лабораториски и ртг иследувања во следните 5-10 дена, но затоа во некој следен пост.