Светската здравствена организација (СЗО) побара од богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на децата и, наместо тоа, да донираат вакцини за корона на програмата COVAX за дистрибуција на дози до посиромашните земји.




СЗО изрази надеж дека повеќе земји ќе го следат примерот на Франција и Шведска при донирање вакцини на COVAX по имунизација на приоритетен дел од населението.




Канада и САД се меѓу земјите кои одобриле вакцини за употреба кај адолесценти. Сепак, СЗО соопшти дека во тек се разговори со Вашингтон за поделба на дозите.




„Разбирам зошто некои земји сакаат да ги вакцинираат своите деца, но ги замолувам да размислат и, наместо тоа, да донираат вакцини за COVAX“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејезус.




COVAX досега испорача околу 60 милиони дози и се обидува да ги исполни поставените цели, со оглед на тоа што има забрани за извоз на вакцината АстраЗенека од Индија, бидејќи во таа земја има се повеќе заразени лица, пренесува „Срна“.

