Додека репортерот на американската телевизија „Ен-Би-Си“ се подготвуваше да се вклучи во програмата во живо, таа не ни сонуваше дека ќе се случи неверојатна сцена зад нејзиниот грб.

Имено, додека таа се подготвувала пред камерата, се случила несреќа зад нејзиниот грб во која учествувале маж и жена, кои се превртеле додека се возеле на популарен ‘квад’ и паднале на патот.

Целата драма се случи околу 10 метри зад грбот на новинарка која сето тоа го гледаше зачудено, не знаејќи што се случува пред нејзините очи.