Сепак, во нашето општество има дискриминација, само нема никаква врска со сексуалноста.




Биди гej или стрејт, ако не си од вистинската партија – нема вработување.




Биди гej или стрејт, ако не си богат – нема добра здравствена грижа.
Биди гej или стрејт, ако си хендикепиран – нема основни услови за мобилност, вработување, и живот воопшто.
Биди гej или стрејт, ако дишеш воздух во Македонија – умираш од загадувањето.




Биди гej или стрејт, ако јадеш храна од оваа почва – се храниш со отрови.




И листата продолжува, за самохраните родители, за сираците, за работниците и работничките, за бездомниците, за стотиците илјади кои живеат во сиромаштија, без основни предуслови за среќен и исполнет живот, а сето тоа без разлика на нивната (а)се*суалност!




Тоа е тоа, можете да им спомнете нешто од ова на тие видни личности (премиер, претседател, министри, амбасадори, глумци и пејачи) што ќе дојдат и редовно даваат поддршка на вашата парада, зашто кај мене во црква не доаѓаат. 😉




Во спротивно, вашата парада останува да биде собир на елитисти, идеолошки перформанс кој само демонстрира колку сите вие сте далеку од стварноста и секојдневната борба на обичните луѓе, без разлика дали тие се геј или стрејт, јас ви кажувам…
