Фотографиите од појадокот послужен на трудници кои се хоспитализирани заради ризична бременост ја вознемирија Србија. На Фејсбук страницата на организацијата „Центар за мајки“, се појавија фотографии од мувлосани пецива под кои е напишано:




„Појадок за бремени жени со ризична бременост во болницата во Крагуевац“.




Една идна мајка, која лежи во тој оддел, сподели фотографија од појадокот – лиснато тесто полнето со месен производ, на кое на неколку места се видливи траги од мувла.




-Пецивото на фотографијата не е цело, што значи дека бремената жена најверојатно го изела пред да забележи дека е расипано, наведуваат српските медиуми.




Универзитетскиот клинички центар Крагуевац веднаш се огласил во врска со фотографиите и оттаму изјавиле дека виновен е добавувачот, со кого договорот бил веднаш раскинат по овој инцидент./Faktor
https://www.facebook.com/CentarZaMame/posts/3996296723740816
