Проблемите со тироидната жлезда се поврзани со развој, односно созревање. Тие претставуваат голема потреба за проширување, незаситен апетит за живот, потреба за успех. Ги доживуваме како нешто да не гуши или да не стега околу вратот. Сепак, тие исто така можат да бидат знак на алчност и прекумерни очекувања од себе.




Болеста на тироидната жлезда може да ни каже дека се плашиме да се опуштиме. Исто како што сугерира нејзиното име, таа постојано се обидува да ја зголеми својата подготвеност за одбрана и заштита, па така укажува и на конфликти.




Во некои случаи, овие болести симболизираат разочарување поради неисполнетата желба да зависат од некого, прво од родителите, а подоцна и од партнерот по кој трчаме. Симптоматологијата укажува на депресија, задржување на чувствата и страв од смрт.




Што да се прави:
Потисната потреба за раст и експанзија треба да се реализира. За да го постигнеме ова, треба да се придвижиме, да го засилиме темпото, да бидеме будни и да ги искористиме можностите што ни се дадени, да се осмелиме да се бориме и да одиме на врвот. Проблемите со тироидната жлезда укажуваат на дихотомија помеѓу стравот од смрт и големата волја за успех и дејствување. Добро е да си признаете и да паничите, но сепак да дозволите акција.




Пациентите на болеста се поканети да станат центар на сопствениот живот со сите свои можности. Ослободете ја енергијата заробена во болеста и внесете ја во борбата на животот! Намалената функција на тироидната жлезда укажува на бегство од надворешниот свет, криење зад дебелите sидови и недостаток на заземјување.




За да ни помогне да се справиме со животните тешкотии, познатиот германски лекар и психотерапевт д-р Ридигер Далке нè советува да користиме вежба за насмевка секој ден. Секојпат кога ќе се насмееме, нашето тело лачи ендорфин, т.н. хормони на среќа, и затоа толкувањето на нашата реалност може да стане позитивно, без оглед на околностите.




Пробајте ја следната вежба:
Затворете ги очите, потсетете се на ситуацијата во која сте биле многу среќни и таа меморија ве насмевнува. Замислете насмевка да доаѓа од длабочините и да влегува во вашите очи и лице кое станува помеко, помеко. Испратете насмевка на срцето и замислете како му се отвора.




Почувствувајте го проширувањето и релаксирањето на областа околу срцето. Дишете мирно и рамномерно и замислете како вашето срце шири нежност. Завршете ја вежбата и внесете го тоа чувство во вашето секојдневие.




Ако, пак, сте соочени со застрашувачка ситуација, замислете како се насмевнувате и го поздравувате стравот. Така, стравот нема да ве прогонува и да управува со вас, туку ќе помине и ќе исчезне.
