Сите кои некогаш ја посетиле Бока Которска знаат дека повеќето плажи се релативно слични, посебно во градската зона. Бетонски или камени, имаат свој шмек, а се помалку се оние дивите, неуредени и на истите има редовно гужва и борба за пешкир.




Сите плажи покрај самото шеталиште се идентични, а цените за лежлка не се разликуваат многу, секаде се по 3-4 евра. Сосема пристојно, иако сите се фаќаат за тоа дека во Грција не се плаќа лежалка ако нарачаш кафе, што е вистина ако летувате на Халкидики.




Србинка која била на море во Црна Гора за Женра.рс раскажа дека во Бока Которска наишла на плажа на која лежалка чинела 10 евра, а добила и објаснување зошто е тоа така.




-Имате деца? Ако имате- овде не е дозволено за нив, рекол еден од вработените.




-Овде нема деца, никој нема да ви скока на глава и да прави бука, рекол тој.
Без осуда, но можеби токму оваа понуда е примамлива за многу луѓе, кои не сакаат да има деца на плажа.




Во секој случај доколку се одлучите за одмор на ова место има плажи за сечиј вкус и со цени пристапни за сечиј џеб.
