Познатото „кафе од јаболка“ е напиток кој ќе ве заштити од зимските настинки.




Јаболкото е овошје кое е многу здраво. Јаболкото освен што е често на трпезите, како состојка во многу десерти, може да биде и лек.
Познатиот народен учител Васа Пелагиќ особено го сакаше јаболкото кое го нарече „прекрасно овошје“ и веруваше дека секогаш треба да ги користиме како зачин и како лек, а не само како храна.




Еден од неговите подобри лековити рецепти е дефинитивно оној за „кафето“ од јаболка.
Овој пијалок, тврдеше Васа, помага во борбата против несоницата, а ги ублажува, дури и ги отстранува главоболките, како и тешкото кивање.




Рецепт за „кафе“ од јаболка
За овој напиток потребно е да се подготват сувите јаболка на следниов начин: зрелите јаболка исечкајте ги на многу тенки парчиња и покријте ги со тенка хартиена крпа, за да не паѓа прашина врз нив и салфетката да го впие сокот.




Потоа измелете ги и измешајте една лажичка јаболко во прав со чаша врела вода.
Се препорачува да се пие по една шолја наутро и навечер најмалку три или четири дена.
