Драги Лулевиќ е педесет и две годишен човек кој боледува од хемофилија наследена од неговата мајка. Свесен за таа својата состојба, бил уште на петгодишна возраст, кога не можел како и другите дечиња да игра безгрижни детски игри. Цели 11 години наместо да учи и да ужива во детството, тој поминал на Клиниката за Хематологија.

Дополнително влошување на ситуацијата во останатиот дел од неговото детство вршел неговиот татко, кој бил алкохоличар, па, Драги и мајка му биле и жртви на семејно насилство. Куќата во која живее во Чучер, Сандево е стара и повеќе од сто години. Сиот живот тој и неговата мајка преживуваат во ваквиот дом, без оџак, тоалет и без бања.

Мајката на Драги е во сериозна фаза на деменција, неподвижна, па, тој освен себеси, принуден е да се грижи и за неговата мајка, да мие, да пере, да готви, иако понекогаш добива крвавење и парализа и на рацете и на нозете и целата таа работа за него е вистинско мачење. Најтешко му е ќе рече тој, кога ќе го фатат силни болки, а, лекарствата што ги обезбедува државата се доволни само за половина месец.

Па, од скромните примања кои ова семејства ги има во месецот, тие мораат дури и да штедат за да се одржат здрави и да преживеат. Кога е многу студено надвор за да се загреат мораат да го запалат шпоретот на дрва, но, потоа со часови овие мајка и син не можат ниту да дишат, ниту да се видат меѓу себе од густиот чад. Тоа беше причината поради која еден ден Драги и неговата сакана пријателка Ѓурѓица, ќе одлучат да удрат темели на новиот дом, кој и до ден денес полека се прави само од донации, но, кој на Драги му задава и дополнителни стресови и проблеми зашто сам не може да го доправи. Стариот дом во секој момент може да падне и да ги затрупа и двајцата.

Драги е напатен човек. Од многу мал станал свесен за својата здравствена состојба, дека не е како и сите останатите деца. Во болница минал дури 11 години од животот. Влегол во неа во 1979 година, а излегол 1982. Но, ќе рече колку сум лут што не сум како сите останати, толку сум лут и на родителите кои наместо да им објаснат на соседите, наставниците и соучениците за да знаат како да се однесуваат со мене кога ќе имам напад, тие се срамеа од мојата состојба и криеја, па, сиот живот од нив сум и обвинуван зошто се разликувам од останатите. Толку болки има овој кутар човек што пред неколку години посакал да побара дури и евтаназија.

Капак на лошиот живот е и насилството од неговиот татко кој многу пиел и воопшто не се грижел ниту за нив, ниту за куќата. Така тој борејќи се за животот, не успеал низ животот ниту шајка да закова, па, денес домот е пред распаѓање. Нема оџак, нема тоалет, нема бања. Ова семејство живее како во 19 век, а, домот само што не паднал и не ги поклопил и двајцата.

– Живееме во многу лоши услови. Овој дом никогаш немал тоалет. Во овој век да живеете без тоалет, и без основни услови за живот е и срамота и греота. Куќата е многу стара и воопшто неодржувана од мојот татко. Кој освен алкохол, ништо друго не му беше важно. Јас поради мојата состојба не бев во можност да реновирам. Сега само што не паднала и не нè поклопила, и мене и мајка ми-додава Драги.

И покрај незавидната финансиска состојба на овој човек тој еден ден со поддршка на неговиот ангел чувар како што ја вика својата пријателка, со само 4000 денари и голема волја ќе удрат темели на нов дом, веднаш до стариот кој е пред распаѓање.

Сите што сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на следниот телефонски број 071/796247 или на следната жиро-сметка 270700060882581

Целата сторија можете ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Автор Оливера Петрушевска