Ана Тантило се појави во една емисија поради невообичаено големиот палец кој и пречи и предизвикува болка, пишува Mondo.rs.




Кога дошла кај доктор Бред Шефер, жената рекла дека има многу болки, а доаѓањето кај него го гледа како последна опција пред прстите да и направат уште полоши проблеми.




Кога докторот и ги соблекува чевлите, тој е изненаден бидејќи големиот палец на Ана е всушност двојно поголем од следниот прст, додека на левата нога е уште подолг.




По прегледот, д-р Шефер ја информира дека состојбата е сериозна и може да доведе до компликации.




„Кога имате стапало како вашето, каде што палецот е речиси двојно поголем, тоа предизвикува болка при секој чекор. Може да доведе до артритис, проблеми со зглобовите“, вели докторот и додава: „Јас лично никогаш не сум видел пациент со толку голем палец, тоа е многу ретко“

