Неверојатната трансформација на бабата која беше нашминкана како Ким Кардашијан стана огромна интернет сензација, а бабата беше пресреќна со нејзината промена.

Стефан е познат шминкер кој создава неверојатни трансформации. Моќта на шминката е толку голема што може дури и да го промени описот на една личност.

Пред извесно време се појави снимка од згодна баба која за неколку дена стана вирална. Имено, снимката од бабата која со помош на шминка сакаше да личи на Ким Кардашијан досега ја погледнале повеќе од 8 милиони луѓе.

На почетокот на клипот се гледа една баба како држи слика од познатата Ким Кардашијан и му сугерира на шминкерот дека сака да личи на неа.

Шминкерот имаше полни раце работа, но на крајот бабата беше презадоволна. Ефективната шминка, перика и аутфит придонесоа таа да изгледа многу помлада.

Целиот процес на трансформација изгледа неверојатно, а резултатот е зачудувачки. Дали бабата личи на Ким Кардашијан? Се разбира, шминката не е толку магична, но секако вреди да се обрне внимание на нејзиниот изглед.

„Убава е со и без шминка“, „Оваа баба е инспирација за многумина“, „Нејзината насмевка кажува се“, „Ако не сте знаеле што значи кога велат дека годините се само бројка, ќе каже оваа баба ти“, се само дел од коментарите кои се најдоа под овој клип, а како изгледаше трансформацијата на оваа баба погледнете во продолжение: