Сандра Мељниченко ја носи титулата најбогата Србинка, а многупати докажала дека се омажила за Андреј Мељниченко исклучиво поради љубов.




Парот привлекува големо внимание во јавноста, но вешто ја кријат својата приватност, па малку информации за нив може да се најдат на социјалните мрежи. За Сандра и Андреј се пишуваше секакви работи, а поранешната манекенка не сакаше да демантира многу наводи. И покрај озборувањата со кои се соочува семејството низ годините, нивниот брак останува стабилен.




Дека рускиот милијардер ја почитува својата сопруга докажа еден џентлменски потег на неговиот 50-ти роденден на 8 март, кога се откажа од уделот во производителот на јаглен SUEK AO и групацијата за ѓубрива EuroChem Group AG, оставајќи и ја сопственоста на компаниите. Со ова оваа Србинка стана најмладата богаташка меѓу 10-те најбогати жени во светот, а на листата на магазинот Форбс го зазеде осмото место.
Сепак, нејзините најблиски соработници и пријатели често нагласувале дека таа не се омажила за пари, туку исклучиво за љубов.




Инаку, Андреј и Сандра се запознале преку заеднички пријатели. Еден Русин дошол на гости кај другарка, чија девојка донела пријателка да и прави друштво, а тоа била Сандра. Тие веднаш се бендисаа.




Инаку, со години кружи приказната дека во една прилика поранешната манекенка ги собрала сите пари што ги имала за да му купи на Андреј скап рачен часовник и со тоа да го освои, но Сандра тоа никогаш не го потврдила.
Парот ги демантираше сите оние кои велеа дека тоа е само уште една милијардерска авантура, а Сандра еднаш објасни зошто тие двајца се сродни души.




„Имаме многу сличен вкус во сите сегменти – од гардероба до ентериер. Една недела пред Андреј да ми го даде, го погледнав свршеничкиот прстен и си помислив: „Навистина би сакал да го имам“. Тој тогаш не беше со мене, ниту му го спомнав, а тој го избра во цела Москва. Навистина е неверојатно – изјави поранешната пејачка и манекенка.

