Иако видел само темнина од раѓањето, неговиот поглед на светот никогаш не е мрачен. Запознајте го слепиот адвокат Мирослав Јовановиќ.

За мене успех е да имаш исполнет живот, среќен живот, голем број пријатели, семејство, дете, сопруга и едноставно да се биде професионално остварен, да се занимаваш со работа што ја сакаш. Се обидов да направам се што можам, како луѓето со вид, само за да го прилагодам на свој начин – изјави Мирослав.

Веќе има положено многу животни испити, а годинава и судски, па сега е адвокат:

– Имав ситуација пред 5, 6 дена кога ми дојде клиент со барање да му склучам договор, ништо претешко сега. Човекот седеше и буквално зачудено гледаше што правам, не му беше јасно… Пишував, а гласовната програма малку се слушаше и кога завршив му испечатив три примероци колку и тој потребно, го закопуваше еден по друг лист и ми го даваше. Човекот седеше зачудено, рече дека никогаш не го видел – изјави Мирослав во емисијата „Експлозив“.

Мирослав најголемиот дел од работата го работи сам, но кога му треба помош, сопругата му помага. Кога се заедно, велат дека можат се.

– Апсолутно ништо не ни е тешко, навикнати сме еден на друг. Работи толку добро со оглед на околностите, никогаш не би помислил дека има хендикеп бидејќи е толку позитивен и енергичен – изјавила неговата сопруга.