Aргентина на Светското првенство во Катар по трет пат стана светски шампион во фудбал, пишува N1.

Повеќе од 36 години ја чекаа светската титула, а сега кога конечно ја добија, им приредија лудо славје и спектакуларен пречек на своите фудбалери.

Од понеделниот рано наутро, улиците на Буенос Аирес се полнат, а повеќето од навивачите почнаа да се собираат на авенијата 9-ти Јули, позната како најшироката улица во светот.

Според некои проценки, околу два милиони луѓе излегоа на улиците да ги поздрават новите светски шампиони.