Кога времето е убаво, маникир и педикир се задолжителни предмети за повеќето жени.

Од француски маникир, до разни нијанси на бои и создавање на уметност за нокти, сето тоа е нешто што денешните жени сакаат да го користат. Со сите тие бои кои ги покриваат нашите нокти, веројатно ретко обрнуваме внимание на нашите природни нокти, а и треба.

Промената на бојата или текстурата може да биде знак за болест на белите дробови, срцето или нервниот систем. Болеста полесно се лекува доколку навреме ја забележите. Вашите нокти не се само украс на вашите раце. Тие се тесно поврзани со системите на целото ваше тело.

Еве ги знаците кои укажуваат на можни здравствени проблеми.

Белите промени на ноктите

Здравите нокти треба да бидат розови, што значи дека се снабдуваат со крв и кислород, а промените на ноктите може да укажуваат на поголеми проблеми со здравјето и исхраната. Јасно бели нокти може да укажуваат на анемија, заболување на црниот дроб и проблеми со срцето.

Жолти нокти

Одеднаш на ноктите се појавија жолти и кафени дамки. Ако сте пушач, овие дамки се предизвикани од никотин. Синдромот на жолти нокти значи и состојба кога тие се згуснуваат. Тие можат да бидат предизвикани од нарушување на лимфната дренажа, ревматоиден артритис, а може да бидат и симптом на малигни заболувања, имунодефициенција и проблеми со респираторниот тракт.

Кршливи нокти

Ноктите кои брзо пукаат и лесно се кршат откриваат проблеми со тироидната жлезда. Оваа жлезда го контролира метаболизмот, растот и енергијата, што значи дека и најмали неправилности во работата може да се забележат кај ноктите и косата.

Сини нокти

Модрикавите нокти се резултат на лошото снабдување со кислород, што значи дека укажуваат на проблеми со респираторниот тракт. Тие можат да бидат знак за емфизем, но и за проблеми со срцето.

Темни линии и вдлабнатини на ноктите

Забележаните вдлабнатини, односно нокти со дупка, може да бидат последица на псоријаза, како и на други автоимуни болести. Попречните релјефни линии на ноктите се нарекуваат Beau’s линии, а настануваат поради неможноста за нормален раст на ноктите.

Освен што линиите се предизвикани од Рејноовиот синдром, тие се појавуваат и кај луѓе кои неодамна доживеале срцев удар. Ноктите треба да бидат малку испакнати, но ако се шупливи како лажица, тоа може да укажува на недостаток на железо. Ако дел од ноктот е вовлечен, а дел е испакнат, таквата форма може да биде последица на проблеми со белите дробови и бронхиите.

Свиткани нокти

Заоблените нокти свиткани надолу укажуваат на проблеми со белите дробови, варењето и црниот дроб, но и срцеви заболувања. Но, понекогаш таквата форма на ноктите е наследна и нема никаква врска со болести.