Веќе на сите ни е јасно дека келнерите имаат свои мали тајни и трикови кога е нивната работа во прашање, но секако не ни е грижа кога директно ни кажуваат и ги потврдуваат сите наши сомнежи.

Корисникот на социјалната мрежа TikTok, Џејсон Мора, откри неколку не толку убави трикови кои ги користат рестораните.

Тој тврди дека количината на течност во средната и големата опција е практично иста доколку ја нарачате со мраз.

Земете една чаша со кој било пијалок и ставете мраз во неа. Потоа истурете само течност од една чаша во друга, без мраз. Добивате само половина од количината на течност што би ја добиле доколку нарачате пијалок без мраз. Накратко, нарачајте пијалок без мраз, течноста ќе ја наполни целата чаша. Ако нарачате пијалок со мраз, течноста полни само половина чаша бидејќи другата половина ја зафаќа мразот.

Неговото откритие шокираше многу корисници на TikTok, но имаше и такви кои рекоа дека одамна знаеле за ова и дека никогаш не нарачуваат пијалоци со мраз токму затоа што не сакаат да платат за таква „измама“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!