За многумина до скоро беше непознат, но оние кои го познаваат, велат дека Томо Аврамски од Берово е најпознатиот Македонец во дијаспората.




Во последните месеци, Томо Аврамски имаше две интервјуа во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко Ефтов, а синоќа беше третото интервју.




Аврамски во годините наназад, има дадено неколку интервјуа и за српските медиуми, а особено впечатлкиви се оние кај познатиот српски новинар Мариќ.




Томо Аврамски е непресушен извор на информации, бидејќи е сведок на многу настани. Тој е кум и најдобар другар на Жељко Ражнатовиќ Аркан, има живеено во Белград, а долги години потоа, во Франција.




Неговата бизнис кариера започнува како софтвер и хардвер провајдер, односно увозник на компјутерска опрема. Како што вели Томо, тој го има донесено првиот комјутер во поранешна Југославија.




Ги опремува речиси сите државни институции и стекнува голем број познанства меѓу политичарите и во бизнисот, но и во подземјето.




Аврамски е еден од најистакнатите членови на македонската дијаспора и е во редовни контакти со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.




Аврамски е активен и во Македонија, помага во остварување на странски бизнис контакти со македонски политичари, но и е сведок на многу настани од внатрешната политика.




Во текот на емисијата откри дека извадил бугарски пасош за 17 дена и за тоа лично му помогнал Бојко Борисов!




Видеото од настапот на Аврамски, во кое изнесува многу интересни пикантерии и кое трае речиси два часа, можете да го гледате ТУКА!
