Исклучително тешка ситуација…




Поради проблеми во бракот и афера која ја јаде, една жена морала да се обрати до советник и да побара помош за решавање на долгорочната партнерска криза.




Јас и мојот сопруг сме многу долго во брак и имаме две деца, а неодамна дознав дека тој има афера која трае речиси цела деценија. Редовно одел да го посети своето семејство во друг град и таму започнал афера со жената што ја познавал од детството.




Колку што знам и таа е мажена и има три деца. За аферата ми кажа сестрата на мојот сопруг, која беше многу лута на него и мислеше дека треба да знам за тоа – започнала очајната жена.
Чудно и е што воопшто не се кае, не се извини, а не ни објасни зошто го направил тоа. Тој се однесува како да не и должи објаснување на сопругата или е лут, иако последните десет години од нивниот брак се посветени на друга жена.




– Во моментов не разговараме и не знам што да правам. Се чувствувам понижено затоа што целото негово семејство знае за тоа, а страшна ми е помислата дека тоа го дознаат другите луѓе од нашиот крај – се пожалила несреќната жена.
Наскоро пристигна одговор од експертската советничка Колин Нолан.




-Мислам дека треба да ја преземеш контролата над твојот живот. Одлучете што сакате и направете план. Многу е тешко кога партнерот не сака да комуницира со вас. Тој е лут што е разоткриен, но не зборувањето всушност не е опција, дури и ако се согласувате дека бракот е завршен и дека ќе го прекинете.




Го разбирам понижувањето и чувството на срам што ова ти се случувало зад грб со години без твое знаење, но немаш од што да се срамиш, луѓето сигурно ќе те поддржат. Навистина е страшно да се започне одново кога сте со некого долго време и сте изградиле живот со него, но штом ќе почнете да правите чекори кон нов живот, вашата самодоверба ќе расте и вашиот страв ќе исчезне.




Ако вашиот сопруг не сака да учествува, ви предлагам самостојно да одите на советување за да ви помогне целосно да разберете сè и да почнете да се справувате правилно со тоа- советуваше Нолан.
