За да ја направите оваа соба и освежувач за гардероба, ќе ви треба стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло.




Оризот ќе ги впие сите мириси на етеричното масло, па собата за миг ќе биде миризлива.




Овој метод е сосема природен, а мирисот ќе трае и до неколку месеци. Покрај тоа, тој е многу подобар избор од освежувачите за воздух купени во продавница, бидејќи се полни со хемикалии.




Можете да изберете било кое миризливо масло, но најефективно во отстранувањето на мирисот е маслото од маточина.




Еве како да го направите:




Наполнете ја теглата со ориз, додадете 10 до 20 капки од омиленото есенцијално масло. Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото низ зрната ориз. Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента.




Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.




Вака изработениот освежувач можете да го чувате во собите или пак да го ставите во гардеробер за и вашата облека да го добие тој мирис.
