Mислев дека најлошиот ден во мојот живот е кога мојот поранешен сопруг ми кажа дека сака развод бидејќи со години бил лудо вљубен во поранешна студентка, а таа во него.

Се венчаа две години подоцна и ќе бидам искренa, од дното на душата ја мразев. Но, кога ја запознав со текот на времето, сфатив дека овој развод е најдоброто нешто што може да се случи во нашите животи, бидејќи ние двајца бевме два различни света, а тие двајца се всушност една душа во две тела. и исклучително успешни, вредни и способни.

Ги прифати нашите деца како свои, милион пати се нуди да ги земе од градинка или да ги однесе некаде, секогаш ми помага со се што ми треба околу нив ако тој не може, а тоа го прави толку многу од срце што ми го разубавува денот секој пат кога ќе ја видам.

Децата ја обожаваат, бившиот е буквално друга личност со неа, но некако е толку слатка, едноставна и приземјена личност (иако има докторат по електротехника и позиција во странска компанија) што невозможно е да се мисли нешто лошо за неа.

ТАКА ДА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА!