Кај нас го нема, но може да се види во земји како Германија, Данска, Шведска, Норвешка…
Нема да го најдете на нашите патишта, но во многу делови на Европа – ќе го најдете. Која е функцијата на овој знак? Тој предупредува на нов тип на сообраќај побавен на коловозот.
Овие нови „лажливи полицајци“ почнаа да се шират низ Северна Европа, а последната земја што ги воведе беше Данска.
Вакви бариери има и во Шведска, Норвешка, Германија… Комплетот од шведската компанија Edeva се состои од надзорна камера и активна сообраќајна бариера.
Сите возачи кои возат во рамките на дозволената брзина нема ни да ја почувствуваат бариерата бидејќи таа ќе остане на висината (нивото) на коловозот. Меѓутоа, доколку возачот ја надминал дозволената брзина, бариерата ќе се спушти за неколку сантиметри и кога автомобилот ќе помине преку неа, ќе го почувствува ударот.
Така, се „казнуваат“ само возачите кои возат побрзо од дозволеното, а сите останати ќе ја поминат бариерата без последици – односно суспензијата на автомобилот нема да биде изложена на постојани удари и нема да трпи, а патниците во возилото нема да чувствува непријатност при преминување на пречката.
Секако, пред самата пречка, на коловозот беше поставен споменатиот знак за предупредување.
Од компанијата Edeva велат дека независните евалуации покажале дека системот ја намалува бучавата, го подобрува протокот на сообраќај и ја намалува брзината на околу 4 km/h под објавеното ограничување на брзината.
