Бајден изрази страв од можната победа на Русија во војната
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.
Ако заминеме и Русија го издржи нивниот напад и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија? – праша Бајден во обраќањето во Белата куќа.
Бајден синоќа потпиша нацрт-закон за краткорочно трошење со кој федералните владини институции ќе останат во функција до почетокот на март.
Нацрт-законот не се однесува на дополнителната помош за Украина, која останува блокирана додека клучните пратеници продолжуваат да преговараат за мерките за безбедност на границата кои би оделе во тандем со поголема поддршка за Киев.
НАТО предупреди на отворен конфликт со Русија во следните 20 години
Да потсетиме, вчера претседателот на Воениот комитет на НАТО , адмирал Роб Бауер, предупреди дека цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години , предупреди денеска и додаде дека покрај вооружените сили , ќе бидат мобилизирани голем број цивили и дека на владите е да воспостават системи за управување со тој процес.
– Мораме да разбереме дека мирот не е загарантиран. И затоа ние (НАТО) се подготвуваме за конфликт со Русија. Но, дискусијата е многу поширока. Воено-индустриската база и народот мора да разберат дека играат улога, рече Бауер и предупреди дека работите нема да бидат „одлично“ во следните 20 години.
Околу 90.000 војници на НАТО следната недела ќе ја започнат најголемата воена вежба на блокот од Студената војна.
