Дваесет и петгодишен жител на тетовско село, вчера во 12 часот во СВР Тетово пријавил дека во 2022 година, жена од Кочани, со која претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој ѝ платил одреден паричен надомест.

Меѓутоа, досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите. Од СВР Тетово информираат дека се расчистува и документира случајот.

Иста пријава имаше и минатиот месец кога кочанчанка измамила двајца тетовци на кои им ветила дека за паричен надомест ќе им обезбеди бугарски пасоши, но тие никогаш не ги добиле документите за кои платиле, а биле „олеснети“ за околу 450 евра по човек.

Дали станува збор за иста жена која измамува или пак станува збор за разработена шема, од МВР засега нема информација.