Г-ѓа Ли ги остава своите заштеди на своите кучиња и не се кае.
Приказната за една баба од Кина која во тестамент им го оставила целиот имот на своите миленици, привлече големо внимание и контроверзии на социјалните мрежи. Оваа несекојдневна одлука на повозрасната жена од Шангај, чие богатство се проценува на околу 2,5 милиони евра, не е донесена лесно и имала свои јасни причини.
Г-ѓа Лиу, сопственичка на значително богатство, првично имала намера да остави се што поседува на своите деца. Меѓутоа, со текот на годините, нејзините односи со децата се влошија, што на крајот доведе до промена во нејзината волја. Имено, кога на баба Лиу и се слошило, ниту едно од нејзините три деца не ја посетило и не покажало интерес за нејзиното здравје.
„Кога ми се слоши и останав во кревет, ми рекоа дека сум им товар, а јас цел живот го вложив во тие деца. Сега, неколку месеци не се ни сеќаваат да ми се јават.
Освен што биле физички оддалечени од нив, децата ретко покажувале дури и основна грижа, ретко и се јавувале или прашувале за нејзиното здравје. Чувствувајќи се запоставена и емотивно повредена, баба Лиу реши да ги пренасочи своите средства кон најблиските во нејзините најтешки моменти – нејзините миленици.
Одлука која предизвика внимание
Иако Лиу сакала да ги остави парите директно на своите мачки и кучиња, правната рамка во Кина не дозволува таков вид тестамент. Затоа, таа донела одлука имотот да го префрли на локална ветеринарна амбуланта со строг услов средствата да бидат наменети за нега на нејзините миленици и нивните потомци. Оваа одлука предизвика бура од коментари на социјалните мрежи. Многумина изразија разбирање за нејзината одлука, додека други коментираа колку сигурно била повредена што се одлучила на таков потег.
„Ова беше очајнички потег на жена која се чувствуваше изневерена од своите најблиски“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Други и дадоа поддршка, велејќи: „Ако моите деца не ме почитуваат и не се грижат за мене, јас ќе го направам истото!“
