Институциите треба да го зајакнат системот за безбедност.
Добро е што се одржа јавна расправа каде експертите дадоа свое мислење како да се зголеми безбедноста во сообраќајот, после трагичниот случај со убиството на Фросина Кулакова која загина на Партизанска одговорот е институциите да го зајакнат системот, превеницијата, контролата, неселктивноста, да профукционира „Сејф сити“ но и да се влијае на јавната свеста.

Безбедноста во сообраќајот и општата безбедност е обврска на сите нас, и колку повеќе е подигната свеста во однос на сообраќајот толку ќе ни биде подобро. Овие теми не смее да се политизираат. СДСМ има јасен став и ние сме конструктивни и ќе прифатиме се што е добар предлог за да се зајакне системот на безбедност во државата.

Кога од една страна слушате дека не се презеле тогаш мерки, од страна на судот, а од друга страна сте селективни кога се докажа дека, претседателот на Унијата на млади сили на ДПМНЕ, Сергеј Попов исто така возел без дозвола и под дејство на алкохол, значи не може да има двојни аршини.