Според старите народни верувања, времето на Ѓурѓовден (6 мај) се сметало за показател за тоа какво ќе биде претстојното лето.

Ако на Ѓурѓовден врне дожд, а истото се повтори и следниот ден, се верува дека летото ќе биде суво. Доколку дождот продолжи и на третиот ден, односно на денот на Свети Марко (8 мај), тогаш се очекува летото да биде врнежливо.

Ѓурѓовден се смета за граница помеѓу зимата и летото и е празник поврзан со здравјето на домаќинството, плодноста на добитокот и добриот род на посевите. На овој ден, куќите традиционално се украсуваат со гранки од врба и зеленило, а се плетат и венци од билки и лескови прачки кои се поставуваат на вратите или на покривите.

Според обичајот, до Ѓурѓовден не се консумира овчо млеко и јагнешко месо, а на самиот ден се моли првпат овцата или козата, правејќи се првото сирење кое се носи на благослов кај свештеник.

Ѓурѓовден е исто така и слава кај многу православни верници, вклучувајќи ги и Ромите, и се прославува со бројни обичаи и верувања што се пренесуваат низ генерации.